Судот го одбил барањето на Бред Пит за старателство

Судот го одбил барањето на Бред Пит за старателство

пред 3 години

Врховниот суд на Калифорнија го одбил барањето на Бред Пит во битката со неговата поранешна сопруга Анџелина Џоли, за старателство над нивните деца. Судијата ја потврдил одлуката на пониските правосудни инстанци и истата ја донел без дополнително објаснување.

Џоли, инаку, е во Лондон со пет од нејзините деца, заради гала-премиерата на нејзиниот најнов филм „Вечните“. Филмот пристигнува во кината на 5 ноември.

Нејзиниот адвокат Роберт Олсон, за „Ју-ес-еј тудеј“ изјави дека неговата клиентка ја поздравил одлуката на судот.  

Share
Scroll to Top