Супер компјутер пресметал дека Манчестер сити ќе ја освои титулата во Лига на шампиони. Најпрестижното клупско натпреварување стартува вечерва, а титулата ќе ја брани Челси.
Според пресметките на компјутерот тимот на Пеп Гвардиола има најголеми шанси за трофејот, дури 16 отсто. Тимот на ПСЖ, кој се засили со Лионел Меси и Серхио Рамос според истиот тој компјуер, има само четири отсто од шансите да стане шампион.
Втор фаворит е Баерн Минхен (11 отсто), Челси има 10 отсто шанси да ја одбрани тирулата, Ливерпул девет, Барселона осум, Реал шест, а Манчестер јунајтед пет отсто.