Мадона им се заблагодари на семејството и пријателите за поддршката откако минатиот месец беше хоспитализирана поради сериозна бактериска инфекција, додавајќи дека има среќа што е жива.
64-годишната пејачка претходно изјави дека закрепнува откако помина неколку дена на интензивна нега. Таа требаше да започне седуммесечна светска турнеја, но мораше да ја одложи.
„Љубовта од семејството и пријателите е најдобриот лек“, напиша таа на Инстаграм во неделата, додавајќи дека грижата за нејзините деца е она што е важно.
„Како мајка можеш навистина може да се оптеретите со потребите на твоите деца и со навидум бескрајното давање. Но, кога работите станаа лоши, моите деца беа тука за мене. Ја видов нивата страна која претходно никогаш ја немав видено“, напиша пејачката.
Во објавата таа им се заблагодари на своите пријатели за нивната љубов и поддршка.
Таа сподели слика на која држи фотографија од Кит Харинг облечен во јакна на која е насликано лицето на Мајкл Џексон, за која рече дека е направена од Енди Ворхол. Пејачката му се заблагодари на својот менаџер за подарокот и додаде: „Плачев кога го отворив овој подарок бидејќи сфатив колку сум среќна што сум жива. И колку сум среќна што ги познавам тие луѓе и многу други кои исто така си заминаа. Им благодарам на сите мои ангели кои ме заштитија и ми дозволија да останам и да си ја завршам работата“, напиша таа.