„Тажни се“: Родителите на Бред Пит се загрижени дека никогаш повеќе нема да ги видат своите внуци

„Тажни се“: Родителите на Бред Пит се загрижени дека никогаш повеќе нема да ги видат своите внуци

пред 16 часа

Родителите на Бред Пит, Вилијам и Џејн наводно се многу тажни бидејќи осум години немаат никаков контакт со внуците. Тие некогаш беа важен дел од нивниот живот, но поради долготрајната правна битка помеѓу Бред и Анџелина Џоли, нивната врска со внуците е целосно прекината.

Бред и Анџелина имаат шест деца, Шајло (18), близнаците Нокс и Вивиен (16) и три посвоени деца, Медокс (23), Пакс (20) и Захара (19). По нивниот развод, децата повеќе не се во контакт со нивниот татко.

Сега извори откриваат дека Вилијам и Џејн се загрижени дека можеби никогаш повеќе нема да поминат време со своите внуци.

„Родителите на Бред Пит не ги виделе своите сакани внуци околу осум години поради разводот и правната битка меѓу Бред и Анџелина“, изјавил извор за Дејлимејл.

Пред да се распадне нивниот брак, Вилијам и Џејн беа голем дел од животот на нивните внуци и често беа видени како уживаат во времето заедно.

„Пред разводот поминуваа многу време заедно. Тажно е што веќе не е така. Не само што е тажно што децата не го гледаат својот татко, туку уште потешко е што бабата и дедото немаат контакт со внуците“, тврди извор близок до семејството Пит.

Вилијам (83) и Џејн (84) последен пат беа видени со нивните внуци во 2014 година на премиерата на филмот на Анџелина Unbroken. Во тоа време, родителите на актерот зборуваа гордо за Анџелина, а Џејн изјави: „Ние сме многу горди на Енџи. Ова значи многу за нашето семејство, особено за нашите внуци. Ја сакаме до бескрај”.

Share
Scroll to Top