Ќерката на Тамара Тодевска, Хана, денес го прослави седмиот роденден. Иако разведени, Тамара и бившиот сопруг Александар заедно го организираа роденденот.
Пејачката кога го потврди разводот кажа дека со бившиот сопруг ќе останат во добри односи заради децата. На забавата од Белград допатува ѝ Тијана.
Хана за забавата се маскираше во омилениот лик од новата серија „Венсдеј“ чија главна улога ја има Џена Ортега. Целиот роденден со тортата ѝ беше тематски со популарниот лик од семејството Адамс.
За потсетување, Хана е прво дете на Тамара и Александар, со кого го имаат и синот Дарин. Тие беа заедно на прославата на неговиот четврти роденден минатата година во скопски ресторан.