Тед, таткото на Дејвид Бекам, на 73 години се ожени со милионерката Хилари Мередит (62). Тие направија мала венчавка, а Дејвид беше девер.
На венчавката беа и Викторија Бекам и нивните деца.
„И Хилари и Тед веќе правеле големи свадби, па овој пат сакаа да прослават само со најблиските“, рекол за „Сан“ близок пријател на двојката.
Тед и Хилари се запознаа во 2019 година, а се свршија лани во март. Ова е втор брак и на Хилари и на Тед. Родителите на Дејвид се разведоа во 2002 година, по 33 години брак.