Твитер доби официјална категорија на Оскарите

Твитер доби официјална категорија на Оскарите

пред 3 години

Американската филмска академија воведе нова официјална категорија наречена Твитер Оскар. Ова ќе биде првпат во историјата на Оскарите, членовите на Академијата нема да бидат единствените кои ќе гласаат за своите омилени филмови, туку глас ќе даде и публиката.

Корисниците на Твитер веќе можат да гласаат за своите омилени филмови од 2021 година со хаштагот #OscarsFanFavorite, без оглед дали тие се номинирани за Оскар или не. Филмот кој ќе добие најмногу гласови од фановите до 3 март ќе биде откриен во текот на доделувањето на наградите, кое ќе се одржи на 27 март. Секој корисник на Твитер може да гласа до 20 пати дневно, а неколку среќни твитерџии ќе може да патуваат во Лос Анџелес, со платени трошоци од организацијата, за да присуствуваат на церемонијата на доделување на Оскарите.

„Воодушевени сме од соработката со Твитер кој ќе нѝ помогне да ја ангажираме публиката во пресрет на овогодишната церемонија“, вели Мерил Џонсон, потпретседателка на Академијата за дигитален маркетинг.

Исто така, пет корисници на Твитер ќе добијат годишна карта за кино по свој избор, претплати за стриминг платформи и ексклузивни производи од продавницата на Музејот на Академијата.

Share
Scroll to Top