Пред неколку дена се појавија различни тврдења за наводната бркотница со автомобили на папараците по британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган Маркл во Њујорк, пишува „Франс прес“.
Откако полицијата и градоначалникот ги негираа тврдењата за било каква бркотница, сега Хари и Меган ги исмеваат на „Твитер“.
Извештаите за инцидентот поттикнаа споредби со околностите на сообраќајната несреќа во Париз во 1997 година, во која загина мајката на Хари, принцезата Дајана, за што принцот ги обвини папараците.
Сега на „Твитер“ се шегуваат па објавија фотографии од Хари и Меган со децата како возат детски автомобили симулијарјќи ја бркотницата низ Њујорк, видеа од детски рингишпили и исплашен фотограф кој мисли дека Меган го демне.
Breaking🚨🚨🚨
Prince Harry and Meghan Markle in ‘near catastrophic, two-hour car chase’ with photographers
the car chase 👇 pic.twitter.com/rkmB7DDrQa
— TimForAlI 🇬🇧🇺🇦 (@timmyvoe) May 17, 2023