Тинејџер загина за време на прославата на титулата на Атлетико Мадрид

Тинејџер загина за време на прославата на титулата на Атлетико Мадрид

пред 4 години

Млад навивач загина на синоќешната прослава на улиците низ Мадрид, каде бројни луѓе излегоа да се радуваат на освоената титула на Атлетико Мадрид во шпанското фудбалско првенство.

Момчето кое загинало имало 14 години. Трагичниот настан се случил откако момчето ја извадило главата од прозорецот на комбето во кое се возело. Во еден момент комбето удрило во ѕид. Тоа веднаш било однесено во болница. Лекарите се обиделе да го вратат во живот, но безуспешно.

„Атлетико Мадрид се чувствува скршен по вестите за смртта на младиот навивач на Атлетико. Ја испраќаме својата љубов до неговото семејство. Почивај во мир“, порачаа од клубот.

Инаку, „јорганџиите“ дојдоа до 11. титулата во клупската историја.

Share
Scroll to Top