Тоневски: „Генералка викенд 2026“ ги обединува граѓаните во борбата за почиста околина

Тоневски: „Генералка викенд 2026“ ги обединува граѓаните во борбата за почиста околина

пред 5 дена

Во Општина Пробиштип започна еколошката акција „Генералка викенд 2026“, со која се испраќа порака за поголема грижа за животната средина и подигнување на еколошката свест кај граѓаните.

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, ги повика граѓаните активно да се вклучат во акцијата и да дадат свој придонес за почиста и поздрава средина.

„Сите да дадеме свој придонес за чиста животна средина“, порача Тоневски по повод стартот на акцијата.

„Генералка викенд 2026“ се реализира низ повеќе општини во државата, а целта е преку заедничка акција да се исчистат јавните површини и да се поттикне одговорен однос кон природата и животната средина.

Share
Scroll to Top