Во тек се земјени работи за подобрување на состојбата на патот до селото Јамиште во Општина Пробиштип. Како што информира градоначалникот Тони Тоневски, се вршат порамнување на патот и посипување на критичните места, со цел повторно да се обезбедат неговата проодност и функционалност.
Интервенциите се насочени кон деловите што го отежнуваат движењето, за да се создадат подобри услови за пристап до селото и за користење на патниот правец од жителите.
По завршувањето на предвидените работи кон Јамиште, градежните машини ќе бидат пренасочени кон патот до селото Шталковица. На овој правец се планирани расчистување и порамнување, како следна фаза од активностите за оспособување на патните врски до двете села.
Подобрувањето на проодноста е значајно за секојдневното движење на локалното население и за полесен пристап до населените места.






