Топ пет пролетни модни комбинации со фармерки

Топ пет пролетни модни комбинации со фармерки

пред 3 години

Уште малку па ни стига пролетта. Тоа сигурно значи дека во глава ни се мотаат мисли како да ја освежиме својата пролетна колекција кога модата и нашиот гардеробер се во прашање. Покрај тоа што ги следиме трендовите, размислуваме и за тоа како да рециклираме стари парчиња гардероба.

Неприкосновен моден предмет се секако фармерките, кои сакаме да ги носиме во различни прилики, а во денешниот текст со вас споделуваме пет идеи за пролетен аутфит со џинс.

Фармерки + бела кошула = Моден евергрин

Оваа комбинација може да се носи на толку многу начини! Прва асоцијација на белата кошула ни е формална прилика, особено кога класичните кроеви се во прашање, а во тоа и е предноста – таа е модно парче кое вашите фармерки, во комбинација со некои лежерни чевли, или пак со салонки, може да ги направи прикладни за на работа или за во канцеларија.

Исто така може да биде идеален избор за пролетна прошетка, во комбинација со патики, балетанки, и во таа варијанта посебно ни се допаѓа како изгледаат „оверсајз“ кроевите, или можете да го пикнете белата кошула внатре во фармерките со висок струк, кои посебно ќе бидат актуелни оваа година.

Фармерки + топ

Втора, лежерна опција, особено кога стигаат топлите пролетни денови, е комбинацијата на фармерки и некој топ-блуза со занимлив крој. Можете да се одлучите за ретро модел, пуф ракави, блуза која ги открива рамењата или само едното раме, како и за впечатливи бои.

Фармерки + блејзер + бејзик маица

И најпосле, нашата омилена комбинација кога фармерките се во прашање, каде улогата на ѕвезда фармерките ја делат со блејзерот. Сако е она парче кој и тоа како е благодарен за комбинирање, и тоа во дневна и во вечерна варијанта – кога одите на работа, прошетка, ручек, вечер. Варијанта која ви ја предлагаме како топ пролетна комбинација подразбира лежерна опција – воглавно „оверсајз“ сако и бејзик бела или црна маица.

Црно сако и црна маица плус фармерки 

И уште еден аутфит во „оверсајз“ стил – кариран блејзер и фармерки со широк крој.

Share
Scroll to Top