Потребни состојки:
1 јајце
1 шолја мелени ореви
1 шолја млеко
1 шолја брашно
1 шолја шеќер (може и помалку)
½ шолја масло
½ кесичка прашок за печиво
*шолја од 200 мл
За фил:
2 кесички пудинг
5-6 лажици шеќер
600 мл млеко
125 гр маргарин
малку чоколадо за наросување
Начин на подготовка:
Изматете ги јајцата и шеќерот со миксер. Додадете ги останатите состојки во јајцата и промешајте ги. Истурете ја смесата во подмачкан плех со димензии 22×22 см. Печете во загреана рерна на 180 степени 25-30 минути. Оставете ја готовата кора да се излади. Во меѓувреме, сварете го пудингот според упатството на кесичката. Кога малку ќе остине, во пудингот додадете путер на коцки. Прелијте го тестото со пудингот и тортата ставете ја во фрижидер убаво да се стегне. Изрендајте чоколадо или посипете ја со мелени ореви и послужете.