Традиционален Василичарски концерт во МОБ со најубавите оперски арии

Традиционален Василичарски концерт во МОБ со најубавите оперски арии

пред 2 години

На 12 и 13 јануари од 20 часот во МОБ ќе се одржи традиционалниот Василичарски концерт. Оваа година оперските уметници ќе ги испеат некои од највпечатливите арии, дуети и хорски делници од светски познатите оперски дела од композиторите Пучини, Верди, Џордано, де Либ, Штраус помладиот.

Диригенти ќе бидат Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ, а режисер е Дејан Прошев. На концертот ќе настапат Славица Петровска – Галиќ, Весна Ѓиновска – Илкова, Сандра Митровска, Дешира Ахмети – Крлиу, Наде Талевска, Ирена Кавкалевска, Ѓорѓи Цуцковски, Зоран Сотиров, Борис Трајанов, Марјан Јованоски, Игор Дурловски и Александар Стефаноски.

Настапуваат хорот и оркестарот на Национална опера и балет, билетите се веќе пуштени во продажба на билетарницата на МОБ и онлајн.

Share
Scroll to Top