Трамп не ѝ купил подарок за роденден на Меланија: „Немав време, бев зафатен“

Трамп не ѝ купил подарок за роденден на Меланија: „Немав време, бев зафатен“

пред 9 часа

Доналд Трамп изјави дека е премногу зафатен за да ѝ подари подарок на сопругата за нејзиниот 55-ти роденден, кој е денес, но дека ќе ја почасти со романтична вечера во „Ер Форс Уан“ за време на нивното патување во Рим за погребот на папата Франциск.

Претседателот и неговата сопруга пристигнаа во италијанската престолнина во петокот вечерта, што е нивно прво патување во странство откако Трамп се врати во Белата куќа на 20 јануари.

Но, наместо да останат на вечера во римски ресторани, двојката има намера веднаш по церемонијата да се врати во Соединетите Држави. Трамп призна дека ова можеби не е најдобриот начин да се прослави роденденот на неговата сопруга.

„Таа мора да работи на својот роденден“, им рече тој на новинарите во претседателскиот авион. „Немав време да купувам подароци, бев многу зафатен“, објасни тој.

Кога еден новинар го прашал дали планира да ја поведе сопругата на вечера за нејзиниот роденден, тој одговорил: „Ја носам на вечера во Ер Форс Уан“.

Доналд и Меланија Трамп во голема мера живеат одвоено откако претседателот се врати на функцијата, а Меланија поголемиот дел од времето го поминува во Њујорк, каде што нивниот 19-годишен син оди на колеџ. Сепак, тие се појавија заедно неколку пати, вклучително и во понеделникот на ловот на велигденски јајца во Белата куќа.

Share
Scroll to Top