Тренер два дена откако доби отказ беше вратен на работа

Тренер два дена откако доби отказ беше вратен на работа

пред 2 години

Тренерот на италијанскиот клуб Салернитана, Давиде Никола, беше отпуштен по поразот од Аталанта со 8:2, па за 48 часа челниците на клубот се предомислија и го вратија назад.

Никола потврди дека е повторно тренер на италијанскиот клуб, откако претседателот Данило Јерволина и спортскиот директор Морган де Санктис, не најдоа замена. Се шпекулираше со имињата на Даверсом, Бенитез и Семплицио, но со ниту еден од нив не беше постигнат договор.

„Искрено ме побара претседателот и ми објасни на пријателски начин зошто мораше да ме отпушти по поразот од Аталанта. Јас му се извинив и превземав одговорност за лошата игра која не беше на ниво. Верувам дека тимот може многу повеќе од тоа што го покажа“, рече Никола.

Досега има работено во неколку италијански клубови, но ретко се задржуваше подолго време на клупата. Најмногу фановите го паметат од времето во Бари и Кротоне. Кратко време беше и на клупата на Удинезе, Џенова и Торино. На клупата на Салернитана е од февруари минатата година, со прекин од 48 часа.

Неговата екипа во моментов е на 16 место со 18 бодови, но без победа во последните пет кола и многу е блиску до местата за испаѓање во втората лига.

 

Share
Scroll to Top