Чај од куркума за зајакнување на целиот организам

Три чаеви кои ќе им помогнат на вашите бели дробови кога воздухот е загаден

пред 3 часа

Во овие денови на голема загаденост на воздухот, ви препорачуваме три чаеви што можат да им помогнат на вашите бели дробови. Првиот е по препорака на Алан Мандел, кој се претставува како доктор и често се јавува на You tube со свои препораки. Еве што тој вели за следниот чај:

„Ќе ви се прочистат белите дробови. Ќе се прочистат и бронхиите. Ќе внесете повеќе кислород во вашето тело, во клетките, за да останете поздрави.

Ќе ви треба една чаша вода, 1 1⁄2 чајна лажичка мелена мајчина душица (не мора баш мелена, освен ако не ја најдете во големите маркети, н.з.), 1 четвртина чајна лажичка мелен ѓумбир (слободно зголемете ја количината на ѓумбир, освен доколку притисокот не ви е хронично низок, н.з.) и 1 до 2 чајна лажички суров мед или било кој природен засладувач доколку е потребно. Ќе зовриете 200-250 мл вода и веднаш додадете ги сите состојки заедно и добро промешајте. Овој лековит еликсир од мајчина душица, ѓумбир и мед ќе ви го даде овој неверојатен сладок и цветен вкус.“

Вториот чај што ќе ви го препорачаме за вашите бели дробови е со следните состојки:

1 супена лажица дивизма

1 супена лажица исоп

1/4 лобелија во прав или една чајна лажица ако го најдете како рефус чај, но лобелијата во Македонија ја нема во ниту една форма, па оваа состојка ќе треба да ја прескокнете

1 лажица јаболков оцет

1/4 – 1/2 лажичка каен пепер

Сето ова се прелива со 200 мл вода, се зоврива, се остава да врие 3-5 минути и потоа се остава да отстои 15-30 минути. Не се пие повеќе од два пати на ден.

И доколку сето ова ви е комплицирано, еве еден едноставен чај:

Корен од ѓумбир со големина помеѓу 3-5 см се ренда, се додава половина лажичка цимет, една лажичка куркума и ако поднесувате 1/4 – 1/2 лажичка каен пепер. Се прелива со зовриена вода – 200-250 мл. по желба додајте мед и лимон и после 15-20 минути се конзумира.

Share
Scroll to Top