Трудна Меган побегнала во Мексико со Арчи по кавгата со Хари

Трудна Меган побегнала во Мексико со Арчи по кавгата со Хари

пред 3 години

Меган Маркл која наводно била бремена, побегнала за Мексико со Арчи, по големата кавга која ја имала со сопругот Хари, пренесува магазинот New Idea.

Поранешната војвотка од Сасекс, наводно сакала да одржи јавен говор во кој ќе ја коментира изборната победа на нејзиниот фаворит Џо Бајден, но Хари и забранил поради строгите кралски правила кои забрануваат мешање во внатрешната политика на некоја држава.

Меган по расправијата, со солзи во очите го земала едногодишниот син Арчи и побегнала во Мексико. Хари неодамна беше изложен на критики поради своите коментари за претседателските избори, како и поради фактот што Меган ги повика луѓето да излезат на изборите.

Тоа што Хари не сакал Меган повторно да долева масло на огнот, особено пред средбата со кралицата Елизабета која се очекува да се случи за време на божиќните празници во Анлгија, открива неименуван извор близок до поранешната кралска двојка.

Принцот наводно не можел да тргне со нив во Мексико поради проблемите со визата, а неговите пријате велат деа им е драго затоа што не заминал за Мексико, открив аизворот.

Тие наводно веруваат дека на Хари добро ќе му дојде периодот во кој ќе биде сам, затоа што за тоа време ќе свати колку му недостасува семејството.

Неговите пријатели се надеваат дека принцот за тоа време добро ќе размисли дали неговата одлука да се преселат со Меган во САД била исправна. Иако службено не е потврдено, изворот тврди дека Меган е во блажена состојба и дека ја користи својата бременост за да има предност над Хари во врската.

Тој вели дека на Меган не и е важно како Хари се чувствува и што мисли тој за тоа. Единствениот наводен доказ дека Меган е трудна, е тоа што пред судот изненадувачки ја одложи парнициата која ја покрена против весниот Mail on Sunday, која требаше да се одржи на 14. јануари.

Таа ја одложила за есента идната година, што е теоретски доволно време за да го роди детето.

Share
Scroll to Top