Убиен познат диџеј во Бразил, го застрелале откако одбил да пушта музика

Убиен познат диџеј во Бразил, го застрелале откако одбил да пушта музика

пред 1 година

Музичарот Хозе Марио Дуарте, познат како Марио диџеј, е убиен во неделата во Бразил. Го застрелале откако одбил да пушта музика, пренесе британски „Сан“.  Марио на „Инстаграм“ поканил гости ѝ им ветил дека ќе свири најдобро што знае. Пред да си замине, група мажи побарале да продолжи да пушта музика.

Сведоци велат дека бандата почнала да се расправа со диџејот, пред да си замине. Откако се вратил дома, двајца мажи го следеле и нападнале. Ги изнеле од дома, а потоа го однеле на местото Алто до Моро. Таму го застрелале. Неколкумина кои биле на журката го идентификувале еден од осомничените.

Полицијата рече дека лицето им се заканило на дел од гостите дека ќе ги убие, ако го пријават. Потоа побегнал во Минас, а полицијата го уапсила во Естрел Далви. Таму бил приведен и еден од неговите другари кој се криел на истата адреса.

Полицијата подоцна соопштила дека и трет маж поврзан со убиството е уапсен на непозната локација и дека истрагата ќе продолжи.

Share
Scroll to Top