УЕФА го казни Арнаутовиќ со еден натпревар суспензија за навредата кон Алиоски

УЕФА го казни Арнаутовиќ со еден натпревар суспензија за навредата кон Алиоски

пред 3 години

УЕФА го казни австрискиот напаѓач Марко Арнаутовиќ со еден натпревар суспензија, оти го навреди Езѓан Алиоски на натпреварот со Македонија. УЕФА утврди дека Арнаутовиќ е виновен за „навреда на друг играч“, но не утврди дека имало дискриминација.

Фудбалерот со српско потекло, при прославата на третиот гол за Австрија ги навредуваше македонските репрезентативци Алиоски и Бејтулаи, па капитенот Давид Алба мораше да го смирува.

По натпреварот, на кој Австрија ја победи Македониај со 3:1, Арнаутовиќ се извини и рече дека не е расист.

Австрија денес игра натпревар од второто коло, против Холандија, а Македонија од 15 часот игра против Украина.

Share
Scroll to Top