УЕФА го одби барањето на градоначалникот на Минхен, Дитер Рајтер и на Германската фудбалска федерација, стадионот „Алијанц арена“ да биде обоен во боите на виножитото во знак на поддршка на ЛГБТ-заедницата во Унгарија пред последниот меч од групната фаза помеѓу Германија и Унгарија.
УЕФА претходно дозволи германскиот капитен Мануел Ноер да носи лента во боите на виножитото, но сега вели дека одлуката на организаторите во Минхен е политичка и дека е директен политички одговор на новите закони во Унгарија за ограничување на ЛГБТ-содржини на малолетници.
„Расимот, хомофобијата, сексизмот и сите форми на дискриминација се дамка на нашите општества и претставуваат еден од најголемите проблеми на денешниот фудбал. Ова фрла дамка на дел од натпреварите и на онлајн дискусијата за фудбалот. Меѓутоа, УЕФА, преку своите статути е политички и религиозно неутрална организација. Поради политичкиот контекст на ова барање, односно порака до Унгарскиот национален парламент, УЕФА мора да го отфрли ова барање“, се вели во објавата на УЕФА.