Успеав да ги хипнотизирам сите гледачи, вели манекенката од серијата Squid Game која преку ноќ стана мега популарна

Успеав да ги хипнотизирам сите гледачи, вели манекенката од серијата Squid Game која преку ноќ стана мега популарна

пред 3 години

Јунг Хо-јеон, стана една од најбараните манекенки во Јужна Кореја, по нејзината успешна глума во популарната серија на „Нетфликс“, „Игра со лигни“, Squid Game.

Серијата за кратко време стана хит во целиот свет, а меѓу машките глумци Ли Лунг-Џае Сеонг, Парк Хаи-су и Ви Ха-Јун се истакна и младата Јунг.

Нејзиниот изглед и глума ги хипнотизираше гледачите, велат критичарите. За помалку од три недели таа ја зголемила бројката на фанови на „Инстаграм“ за 13 милиони.

Пред нејзината прва улога, Јунг имала 400.000 пријатели. Во период од една недела по објавата на серијата, оваа бројка се зголемила за 3 милиони, а во моментов изнесува неверојатни 400.000 милиони. За кратко време Јунг стана најследената корејска ѕвезда на „Инстаграм“ во историјата.

Во серијата таа глуми силна, цврста жена која со помладиот брат успеала да побегне од Северна Кореја и со помош на играта, се обидува да заработи и да му осигура безгрижно детство.

„Бев личност која се фокусираше на личниот бенефит, но, по серијата, во која глумам човек кој го става своето семејство пред сите свои желби, почнав повеќе да им верувам на луѓето и да помагам колку можам. Најважната лекција која ја научив во серијата е дека треба да имам верба во луѓето“, рече Јон во интервју за „Time“.

Многумина се прашуваат како успеав да ги хипнотизирам сите гледачи, иако претходно немав некакво глумачко искуство. Јас сум девојка која доаѓа од главниот град на Јужна Кореја, Сеул и уште како тинејџерка самата почнав да се истакнувам во модната индустрија. Самата си ги ангажирав своите настапи, а не со помош на агенциите како другите девојки“, вели таа.

Низ децениите таа работела и соработувала со голем број модни куќи, како Chanela, Bottege, Venete и Louis Vitton. Таа се натпреварувала и во четвртата сезона на емисијата „Следниот топ модел на Кореја“, каде завршила на второто место. Поради тоа се нашла и на насловната страна на корејското издание на „Вог“, но и на „Венити Феир“.

Таа вели дека самата се пријавила на аудицијата за нејзината прва улога во Squid Game.

„Толку бев среќна што ја добил улогата и што ми се даде шанса да го покажам својот талент. И понатаму сум нервозна кога ќе видам како луѓето ме гледаат на екран. Не можев ни да сонувам дека ќе станам толку популарна во светот“, рече глумицата за американскиот „Вог“.

Share
Scroll to Top