Утринскиот секс влијае позитивно врз нашето здравје

Утринскиот секс влијае позитивно врз нашето здравје

пред 3 години

Некои луѓе најмногу уживаат во сексот навечер, додека други претпочитаат да се имаат наутро. Без разлика кој период од денот водите љубов, знајте дека има добар ефект врз вашето здравје, а ние ви презентираме три научно докажани причини зошто утринскиот секс е сепак најдобар.

Ќе бидете попродуктивни

Сексот позитивно влијае на нашето расположение поради супстанците што се лачат во телото за време на сексуалниот однос. Затоа ако вака си го подобрите расположението откако ќе се разбудите, целиот ден ќе го поминете „пеејќи“. Инаку, истражувањето од 2018 година, во кое учествуваа 1.000 луѓе, покажа дека 53% од мажите и 45% од жените пројавуваат поголема продуктивност во текот на денот, по утринскиот однос.

Ќе го намали стресот

Како што рековме, хормоните, окситоцинот и допаминот се лачат во телото за време на сексуалниот однос, а тоа ќе ви помогне да бидете порелаксирани во текот на денот. Значи, утрински секс за помалку стрес во текот на денот!

Нивото на тестостерон е тогаш највисоко

Не секој сака да ги разгорува страстите веднаш штом ќе се разбуди, но сексуалните терапевти тврдат дека ова е најдобриот почеток на денот, особено затоа што наутро нивото на тестостерон кај мажите е највисоко, кое трае три до четири часа по будењето.

Share
Scroll to Top