Учениците во Аргентина на училиште може да одат во костим за капење

Учениците во Аргентина на училиште може да одат во костим за капење

пред 2 години

Поради топлотниот удар кој зафати неколку региони на Аргентина, едно училиште во градот Росарио донело необична одлука, учениците од пониските одделенија можат да доаѓаат на училиште во костим за капење.

Им е дозволено да се полеваат со вода за време на паузата, објавија локалните медиуми.

Топлотен бран веќе две недели ја погодува провинцијата Буенос Аирес и уште неколку провинции на северот на Аргентина, соборувајќи температурни рекорди.

Ова е најжешкото лето од почетокот на мерењата во 1906 година во Буенос Аирес, односно најтопло од 1961 година на ниво на целата земја.

Поради горештините, многу училишта минатата недела ја прекинаа наставата, бидејќи многу од нив не се опремени со климатизери, па чекаат да падне температурата.

Share
Scroll to Top