Фановите го оценија со единица шоуто на Георгина на „Нетфликс“

Фановите го оценија со единица шоуто на Георгина на „Нетфликс“

пред 3 години

Реалното шоу „Јас сум Георгина“ во кое девојката на Кристијано Роналдо зборува за нејзиниот живот со познатиот фудбалер, децата и хуманитарната работа, ги разочара фановите. Иако е меѓу најгледаните содржини на Нетфликс, повеќето го оценија со единица и велат дека залудно си го потрошиле времето.

„Јас сум Георгина“ на IMDb има оцена 3,8 и голем број негативни коментари. Се коментира сè, од продукцијата преку сценариото и сето она што Георгина Родригез го покажала пред камерите. Со единица ја оцениле повеќе од 45% од гледачите.

„Мислам дека таа не заслужува филм бидејќи навистина е никоја. Разбирам, таа е партнерка на Кристијано, но Кристијано е славна личност и работи напорно за да ги добие парите што таа ги троши. Од нејзиниот Инстаграм можете да видите дека таа е здодевна домаќинка кој ги објавува своите луксузни чанти. Тоа го прават Кардашијанки. Таа не работи никаква добротворна работа, се грижи само за себе. Неинтересно“, пишува еден гледач.

„Ова е приказна која нема ништо посебно освен фактот дека тоа е девојката на Роналдо. Немам ништо против нејзината работа или фактот дека е инфлуенсерка, претпоставувам дека е популарна во Португалија и тоа е во ред. Но, таа е премногу плитка и знае многу малку, а и прилично е досадна. Ве молиме престанете да снимате емисии за плитки луѓе кои се познати по тоа што се познати, но немаат што да понудат освен да ги покажат своите лица и нивната облека и накитот Гучи и Версаче“, додаваат гледачите.

Share
Scroll to Top