Фановите ја исмејуваа Ким Кардашијан поради грешка во фотошоп: „Го заборавила огледалото“

Фановите ја исмејуваа Ким Кардашијан поради грешка во фотошоп: „Го заборавила огледалото“

пред 8 часа

Ким Кардашијан се најде на удар на критики поради една од најновите фотографии што ги објави на Инстаграм.

44-годишната ријалити ѕвезда позираше во бело здолниште и кошула со црвени чевли. Таа се фотографирала покрај огледало, па нејзините следбеници веднаш укажале на грешка во фотошоп и посочиле дека нејзиниот одраз во огледалото е поинаков.

„Огледалото, огледалото на ѕид. Упс. Заборавила да го фотошопира огледалото“, е еден од коментарите на социјалните мрежи.

Некои во коментарите напишаа дека Ким ја објавила оваа фотографија за да привлече внимание. „Таа не заборави да ја уреди фотографијата до крај и ние паѓаме на тоа. Лошиот фотошоп е добар за привлекување внимание кон себе“, гласи еден од коментарите.

Следбениците претходно ја обвинија Ким за лош фотошоп. Таа во една прилика објави фотографија на која позира во костим за капење, а вниманието на нејзините следбеници го привлече нејзината рака, односно прстот кој „исчезна“.

„Чекај, каде е средниот прст?“, „Се прашувам дали е свесна дека можеме да видиме колку лошо се фотошопирани нејзините фотографии“, „Смешно станува колку ги уредувате фотографиите. Само објавете нормална фотографија. Никој не се грижи“, ѝ напиша тогаш.

Во една прилика објави неколку фотографии на кои позира во спортски градник за да го рекламира својот бренд SKIMS. Во тоа време најголемо внимание привлекуваше нејзиниот стомак. Многумина напишаа дека изгледа чудно и дека заборавила да го додаде папокот при едитирањето на фотографиите.

Share
Scroll to Top