Денес во Културно информативниот центар – Скопје (Салон 19:19) започнува Фестивалот на класична и нова музика „ФЕСТИВАЛ во 19:19“
Фестивал во 19:19 е нов проект на културно информативниот центар Скопје, чија тенденција е да прерасне во традиција. Фестивал во 19:19 е фестивал на класична и нова музика, практично сѐ она што стилски опфаќа музичкиот сектор на центарот. Фестивал во 19:19, логично, се одржува во Салон 19:19 и секако започнува во 19:19 часот.
„19:19 како име и идентитет на на салонот, ќе го користиме како симбол на постоењето на овој фестивал чиј формат, се надеваме, ќе се развива низ годините. Започна случајно, а како прва година ќе биде загревање и обликување на фестивалот, или процес на проценка, во што би требало да прерасне во следните години“, велат организаторите на настанот.
Програната е следна:
Салон 19:19 19:19 часот
12.12.2023
ДУО „ГЕЛЕБЕШЕВИ“
ДУО „ВЕЈСЕЛИ/БАФТИЈАРИ“
AMPLIDYNE EFFECT & AXIOTOMIC
***
13.12.2023
ЕЛЕГИЧНИ ПЕСНИ И МЕЛОДИИ СО ТРИО ИМЕРИ/AРИФОВСКА/КАЦАРСКИ
КАЛАТА
IMPROOF
Влез слободен
Настанот е дел од културна понуда на Град Скопје Европска престолнина на културата 2028
Текстот Фестивал на класичната музика вечерва во 19:19 е превземен од МАКФАКС.