Минатогодишната мисица на Белгија Чајен Ван Ерл доживеа тешка сообраќјна несреќа, пренесе весникот На спасувачкиот тим им требало половина час да ја извлечат од уништениот автомобил.
Ерл доживеала потрес на мозокот и неколку исекотини по лицето, имала набиени пршлени и модринки на белите дробови. Несреќата се случила во вторникот попладнето на патот кон Антверпен. Чајен со голема брзина удрила во камион. Автомобилот и бил уништен, а таа останала заробена во него.
„Успеавме да ја ослободиме по половина час“, рекоа спасувачите.
„Раката ми е скршена, а окото помодрено. Изгледам како да сум удрила некој, а потоа да сум добила многу удари назад. И така се чувствувам“, рече Ерл и додаде дека возела не зборувала на телефон.
За потсетување, изборот за Мис Белгија 2023 година ќе се одржи оваа сабота, а Ерл беше планирано да ја предаде круната на годинашната побденичка. Освен тоа требала да пее во живо на отворањето на церемонијата. Спотот е снимен од претходно, па сега место во живо, ќе го емитуваат репризно.
„Фала ви на сите за љубовта која ми ја испраќате. Не сум активна на социјалните мрежи и нема да бидам затоа што ми треба време да се одморам. Се надевам дека ќе размислите за мојот случај и ќе се грижите за себе“, рече Ерл.