Научниците открија дека бојата на облека која ја носиме открива многу за нашиот карактер.
Модата е начин на себеизразување. Дури и изборот на бои на облеката говори многу за нас, тврдат психолозите.
Како што впечатливите аксесоари и накит може да го означат нашиот стил и вкус, така боите имаат моќ да го претстават нашето расположение или да го променат во потполност. На боите треба да гледаме како детал, со кој суптилно може да го претставиме моменталното расположение или потсвесно да ги поттикнеме луѓето да имаат позитивно мислење за нас. Открите го значењето кое се крие зад бојата која ја носите.
Сина – стабилност и мудрост
Сината боја е боја на смиреност, верност, мудрост, самодоверба и самоконтрола. Таа асоцира на длабочина и стабилност, па така луѓето кои најчесто ја носат оваа боја оставаат впечаток на сериозни луѓе.
Жолта – креативност
Жолтата боја покажува дека оние кои ја носат уживаат во учење на нови нешта, но исто така сакаат и да го споделат своето знаење со другите. Тоа се најчесто топли и енергични луѓе.
Нежно розова – љубов и невиност
Најпопуларна во летната сезона, од една страна сестрана на барби- бојата за девојчиња, но со големо значење. розовата (пудра) нијанса претставува љубов кон блиските личности и пристапност.
Бела – свежина и чистота
Белата боја се поврзува со свежина и чистота, па така и во живот на луѓето кои ја преферираат оваа боја се се наоѓа на свое место, со што ја покажуваат нивната желба за организираност. Исто така белата боја има смирувачки ефект. Луѓето кои најчесто се облекуваат во бело се организирани луѓе.
Зелена – свежина
Според модната куќа „Гучи“, дезените и боите од 70 – тите се ин сезонава. Ова особено важи за смарагдно зелената нијанса која ја претставува природата. Колку нејзината нијанса е побогата и посилна, толку повеќе означува богатство.
Црвена – виталност, одлучност и страст
Впечатливата, живописна и боја која на сите им стои, црвената е дефинитивно боја на оваа сезона. Таа издишува силина, енергија и страст и изгледа одлично на фустан, но и на накит. Оние кои најчесто во своето секојдневие ја комбинираат црвената боја сакаат да го живеат живот во целост. Тие се одлучни, со силен карактер, но и страствени.
Силна розова – забава
Бојата која симболизира радост и забава. За девојки што сакаат да бидат забележани, ќе го постигнат тоа токму со нејзинитот ефект.
Виолетова – софистицираност и амбициозност
Љубителите на виолетовата боја се начесто оние со уметничка душа, уникатни, но и разумни. Тие сакаат моќ и се поприлично амбициозни. Исто така за нив може да се каже дека најчесто се и непредвидливи.
Портокалова – независност и богатство
За независни и смели карактери, портокаловата е боја на топла личност што е склона кон добивки на богатство.
Кафеава – стабилност
Кафеавата е нежна боја што симболизира стабилност и се комбинира со крем-нијанси.
Сива – неутралност
Сивата боја воопшто не е конзервативна,иако симболизира неутралност кога е комбинирана со други бои, таа може да биде и помалку провокативна.
Црна – елеганција
Црната боја е синоним за луѓе кои се исполнети. Оваа боја е бојата на луксузот и елеганцијата. Луѓето кои се облечени потполно во црно сакаат да го истакнат својот авторитет.