Пловните и фреквентни канали во Венеција деновиве се празни, водата ја нема, а гондолите и чамците се заглавени во кал и тиња. Водата исчезна во Венеција пред се поради полната месечина, но и некои други фактори играат улога.
На пример, оваа година на Алпите има половина снег од вообичаеното. Сушата доведе до ниски нивоа на реките во другите делови на Италија, па невообичаено ниско ниво на водата беше забележано на реката По и езерото Комо.
#Venezia, canali in secca. Raggiunto il picco della #bassamarea per la prima volta dopo quindici anni#18febbraio pic.twitter.com/OxYKO6f3yO
— AGTW (@AGTW_it) February 18, 2023
Мерењата на плимата и осеката во Венеција минатиот викенд беа повеќе од половина метар под нормалното ниво, а некои локации беа целосно недостапни за пловни објекти, пренесуваат агенциите.
Венеција е попозната по своите плими, кои зачестија во последните години, а најлошиот бран се случи во 2019 година, кој предизвика штета од околу една милијарда евра.
Bassa marea Venezia, picco -66cm: i canali in secca #bassamarea #venezia #localteam pic.twitter.com/CrNWo733ZS
— Local Team (@localteamtv) February 20, 2023