Актерката Деми Мур неодамна предизвика голема возбуда на Неделата на модата во Милано кога покажа драстична промена на својот имиџ на ревијата на Гучи.
Покрај младешкиот изглед, таа претстави и нова фризура. Ја замени својата препознатлива долга коса со боб, а за ревијата се одлучи за популарната варијанта „мокар боб“.
Оваа промена ги загрижи многуте обожаватели, а разни шпекулации почнаа да кружат на мрежите. Сепак, Деми Мур сега го прекина молчењето и ја откри вистинската причина за нејзината фризура. Зад виралниот боб, всушност, стои перика.
„Тоа е мојот начин да се изразам себеси и да се вратам кон себе, а оваа постојана врска со мојата долга коса е нешто што ми дава стабилност и чувство на дом, без разлика каде сум или што правам“, рече Деми Мур за време на настанот „Power Talks“, организиран од брендот Kérastase.






