Пејачот Димитар Андоновски направи крштевка во Бигорскиот манастир на помалиот син Гаврил. На крштевката освен кумовите, беа и неколку најблиски на Димитар и неговата сопруга Христина. Пејачот објави неколку фотографии, па вели дека е благословен со фамилијата и цитираше дел од Библијата.
Гаврил се роди на крајот на јануари и тој е втор син на Димитар и Христина. Тие пред четири години го добија синот Михаил, а за двете деца решија да изберат библиски имиња.