(ФОТО) Дуа Липа ужива на меден месец во Италија: Со фотографии во златно бикини им овозможи на фановите интимен поглед од романтичното патување

(ФОТО) Дуа Липа ужива на меден месец во Италија: Со фотографии во златно бикини им овозможи на фановите интимен поглед од романтичното патување

пред 2 часа

Поп-ѕвездата Дуа Липа им приреди вистинско изненадување на своите следбеници, објавувајќи серија фотографии од луксузниот меден месец со сопругот Калум Тарнер во Италија.

На Инстаграм, 30-годишната пејачка сподели албум исполнет со моменти од нивното романтично патување, покажувајќи како ужива на сонце покрај морето, разгледува историски знаменитости и се релаксира во луксузниот хотел. Особено внимание привлече со фотографиите во мало златно бикини, комбинирано со сина марама, додека се сонча на карпест брег.

Во објавата се најде и фотографија на која Дуа и 36-годишниот актер Калум Тарнер вечераат во романтична атмосфера, како и кадри од разгледување на знаменитостите, релаксирачка купка во голема мермерна када и вечерно уживање во филм.

„Roadtripping“, кратко напиша Дуа Липа во описот на објавата.

Младенците медениот месец го поминуваат во Таормина, на италијанскиот остров Сицилија, каде што претходно овој месец ја прославија својата свадба во присуство на бројни светски познати личности.

По венчавката, тие престојуваат во престижниот хотел „San Domenico Palace“, еден од најлуксузните во Италија. Прославата била збогатена со свечена италијанска вечера подготвена од шефот со Мишелинова ѕвезда Тони Ло Коко, како и специјален настап на легендарниот Елтон Џон, кој за младенците ја изведе песната „Your Song“. Вечерта завршила со спектакуларен огномет.

Меѓу гостите на свадбата биле Марк Ронсон, Грејс Гамер, Џо Алвин, Чарли XCX, Џорџ Даниел и Трој Сиван.

Инаку, Дуа Липа и Калум Тарнер претходно склучиле граѓански брак во Лондон во мај, а неколку недели подоцна организирале и раскошна свадбена прослава во Италија.

Share
Scroll to Top