Актерката Елизабет Харли (56) се сликаше во костим за капење и ја отвори летната сезона. Иако е во шестата деценија Елизабет воодушевува каде и да се појави и покажа дека добро се држи за годините. Актерката позираше во едноделен костим за капење од змиска кожа.
„Да ја поздравиме сезоната на костими за капење“, напиша Елизабет под фотографијата која доби многу позитивни коментари.