(Фото) Зои Кравиц со необично деколте од Оскар де ла Рента блесна на премиерата на „Бетмен“ во Њујорк

(Фото) Зои Кравиц со необично деколте од Оскар де ла Рента блесна на премиерата на „Бетмен“ во Њујорк

пред 3 години

Во вторникот во Њујорк се одржа премиерата за новиот филм за „Бетмен“, а на црвениот тепих најмногу внимание привлече Зои Кравиц која се појави во необично деколте.

Модните критичари рекоа дека жената мачка и овој пат се надмина себе си и деака нејзината женствена фигура и витка става дошле во прв план.

Кравиц се прошета на црвениот тепих со црниот фустан од Оскар де ла Рента, а длабокото деколте го красеа силуети на црни мачки. Фустанот е инспириран од култниот дизајн на Хелмут Ланг од 1989 година, а магазинот „Вог“ го прогласи за нејзин најхрабар избор досега.

Ќерката на познатиот пејач Лени Кравиц, позираше пред папараците со својот филмски партнер Роберт Патинсон. Таа и минатата недела на премиерата во Лондон се појави во сличен фустан од Ив Сен Лорен со рез на градите.

 

Share
Scroll to Top