Ѕвездата на „Гранд“ Стефан Величковски се венчаше со неговата свршеница Ана Николовска. Таа објави фотографија од матично и рече дека засекогаш сака да биде со него.
„И презимето и животот, засекогаш“, напиша Ана.
Претходно тие се свршија во Турција, каде Стефан ја побара за жена. Тој прстенот ѝ го подари на Босфор, во Истанбул.
За потсетување, Стефан беше дел од шоуто на „Гранд“ и во 2019 година, поради големиот број обврски, тој се натпреваруваше во шоуто три години и рече дека имал одлична соработка со жирито и неговите ментори. Ана е позната по емисијата „Квадрат“ преку која дава идеи како да ги уредите вашите домови.
(Фото) Стефан Величковски на Босфор ја побара водителката Ана за жена