Манекенката Кендел Џенер објави фотографија на која позира потполно гола. Ова е прво појавување на Џенер по раскинувањето со својот дечко, НБА-кошаркарот Девин Букер.
На фановите на членката на кланот Кардашјан – Џенер не им се допадна оваа гола фотографија, па коментираа: „Како знаеш дека некој раскинал со дечко без да ти го каже тоа“, „Добро, јасно ни е дека си раскинала со дечко ти сега“, „Кој ти кажа да го објавиш ова и зошто?, „Па, сите ќе го гледаат ова“, „Ова е класична објава по пауза во врска“, напишаа нејзините фанови.
Џенер од неодамна ја прекина двегодишната врска со Букер. Тие првпат беа забележани заедно во 2020 година, а нивната врска ја потврдија лани со фотографии, кои ги објавија за Денот на вљубените.