(Фото) Ким Катрал на црвениот тепих дојде со 16 години помладиот дечко

(Фото) Ким Катрал на црвениот тепих дојде со 16 години помладиот дечко

пред 4 години

Познатата актерка Ким Катрал се појави на црвениот тепих со своето момче Расел Томас, со кој е во врска од 2016 година.Во црн мини фустан, без прерамки, актерката се  прошета заедно со 16 години помладиот партнер. Ким Катрал ретко се појавува во јавноста со новиот дечко , а досега беше трипати мажена.

dobivaj vesti na viber

Прво беше во брак со Лери Дејвис, од кого се разведе во 1979 година. Неколку години подоцна, во 1989 година, таа се разведе од вториот сопруг Андре Џеј Лисон, а во 2004 година се разведе од третиот сопруг Марк Левинсон.

Актерката неодамна раскажа како го запознала Расел. Вели, тој бил многу упорен и ја замолилпо да излезат на вечера. Набрзо хемијата го направила своето, а како што таа неодамна открила, со него е многу лесно да се биде во врска.

„Не се познававме добро, освен што заедно излеговме во неколку ресторани. Но, одлично се сложувавме и останавме заедно. Многу ми се допаѓа неговата близина. Има неверојатна смисла за хумор и е вистински лек за очи“, изјавила актерката.

Share
Scroll to Top