Тамара Тодевска одржа концерт во Куманово. На плоштадот во центарот на градот се собраа илјаници фанови кои уживаа во нејзината музика. Сите се забавуваа и во еден глас ги пееја нејзините хитови.
Пејачката беше главна музичка ѕвезда на традиционалниот Тамбурашки фестивал, на кој настапија и тамбурашкиот состав „Трио Гранде“ и „Бјелопољски тамбураши“.
„Кумановчани, секогаш сте весела и распеана публика. Ви благодарам за преубавата вечер. Продолжуваме во Берово, на градскиот плоштад. Заедно да слушаме и пееме македонска музика“, рече Тамара по концертот.
Фото: Фејсбук