(Фото) Кралицата Елизабета првпат во историјата на насловната на „Вог“

(Фото) Кралицата Елизабета првпат во историјата на насловната на „Вог“

пред 3 години

Кралицата Елизабета Втора првпат ќе се најде на насловната страница на модниот магазин „Вог“, а по повод платинестиот јубилеј, 70 години владеење со британската монархија. За корицата е избрана слика направена 1957 година, а ја фотографирал Лорд Сноуден, поранешниот сопруг на принцезата Маргарет. Кралицата ја носи дијадемата на Џорџ IV, а портретот е направен за да се одбележи десетгодишнината од бракот со принцот Филип.

Според портпаролката на магазинот, изданието ќе ѝ оддаде посебна почит на кралицата во пресрет на платинестиот јубилеј, осврнувајќи се на 70те години нејзино владеење.

 

Насловната страна на кралицата е една од двете специјални верзии на списанието. На другата е прикажана Hollywood Royalty, со фотографија на актерката Ања Тејлор Џој од серијата „Кралски гамбит. На сликата Ања носи реплика на дијадемата на Џорџ IV.

За потсетување, на насловната на „Вог“ во 2016 година беше Кејт Мидлтон, на изданието со кое се прославуваше стогодишнината од постоењето на магазинот. Во 2019 година Меган Маркл го уредуваше изданието како гостин. На нејзината насловна страница имаше слики од жени кои таа ги опиша како „сила за промена“, меѓу кои и активистката за климатски промени Грета Тунберг.

Share
Scroll to Top