Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков, денеска со Веспрем, го освои купот во Унгарија. Во финалето неговиот тим триумфираше над екипата на Пик Сегед, со 28:26.
Со оваа победа, Мансков освои уште еден трофеј во својата кариера, а ова е прв за него сезонава. Натпреварот, поради пандемијата со коронавирусот се одигра без присуство на публика, во Зигетсентмиклошу.
Манасков беше стрелец на два гола, а најефикасен во неговиот тим беше Јахја со шест гола. По пет дадоа Ненадиќ и поранешниот играч на „Вардар“, Рожерио Мораеш.








