(Фото) Марија Шерифовиќ ја посети малата Миња, девојчето за кое пејачката собра пари да се лекува во Америка

(Фото) Марија Шерифовиќ ја посети малата Миња, девојчето за кое пејачката собра пари да се лекува во Америка

пред 6 години

Пејачката Марија Шерифовиќ ја посети малата Миња Матиќ, девојчето за кое направи хуманитарен-онлајн концерт и собра пари за нејзиното лекување во Америка. Пејачката објави фотографии од нив двете на плажа.

„Нема навистина смисла само јас да се сончам и капам. Јас кафенце, Миња супа со кнедли и Бог да не види“, напиша Марија.

Миња боледува од мускулна атрофија на ‘рбетниот столб и не може да ги движи рацете и нозете. За нејзиното лекување во Америка, Марија организираше маратонски хуманитарен онлајн-концерт во декември минатата година и собра околу 166.666 евра.

Со донациите за лекување на Мина помогнаа и многу други јавни личности во Србија. Донации уплатија и фудбалерот Немања Матиќ (10.000 евра) и кошаркарот Немања Недовиќ (2.000 евра), Лука Јовиќ дал околу 2.000 евра, исто колку и Душко Тошиќ, а жирито на „Ѕвездите на Гранд“ заедно собрале 1.700 евра.

Share
Scroll to Top