Пејачот Марк Ентони и Надија Фереира ја објавија добрата вест на Инстаграм во форма на фотографија. Тие објавија фотографија од трудничкото стомаче на Надија, на која се гледа дека е во доцна фаза од бременоста.
На фотографијата се гледаа рацете на Ентони, како и малите раце на нивното прво дете – син кој го кријат од очите на јавноста.
Оваа вест израдува многумина, бидејќи двојката ќе го добие второто дете, а за Марк Ентони ова ќе биде осмо.
„Среќна трета годишнина од бракот. Каков прекрасен подарок ни даде животот. Бог е голем, Маркито ќе биде постар брат“, напишаа кратко.
Веста беше позитивно прифатена од корисниците на Инстаграм, и тие им честитаа на двојката.
„Честитки, какви убави вести“, „Честитки и Бог да ве благослови“, „Какво прекрасно семејство, честитки“, се само дел од коментарите…
За потсетување, двојката се венча во 2023 година, а свадбата ја организираа во Музејот на уметност Перез во Мајами.
На венчавката присуствуваа: градоначалникот на Мајами Френсис Суарез, Салма Хајек, Дејвид Бекам, Малума, Лин Мануел Миранда, Ромео Сантос и Луис Фонси.






