(ФОТО) Мислеа дека Роналдо прави тајна свадба: Стотици луѓе ја преплавија катедралата, сестра му остро реагираше

(ФОТО) Мислеа дека Роналдо прави тајна свадба: Стотици луѓе ја преплавија катедралата, сестра му остро реагираше

пред 54 минути

Стотици љубопитни граѓани и туристи денеска се собраа пред катедралата во Фуншал, откако се прошири информација дека таму наводно ќе се венчаат Кристијано Роналдо и неговата долгогодишна партнерка Џорџина Родригез.

Плоштадот пред катедралата бил исполнет со луѓе кои со нетрпение го очекувале пристигнувањето на славниот португалски фудбалер и Џорџина, објави Jornal da Madeira.

Во црквата навистина се одржувала свадбена церемонија, но набрзо се појавиле сомнежи дека младенците не се Роналдо и Џорџина. Дополнителен сомнеж предизвикал фактот што Џорџина во периодот кога требало да се одржува наводната тајна венчавка објавувала содржини на Инстаграм.

Катедралата подоцна ја разрешила забуната, објавувајќи фотографии од вистинските младенци, Никол и Фаби. Во објавата било посочено дека по големиот хаос на улицата, предизвикан од присуството на бројни новинари и туристи, конечно успеале да ја затворат црквата и да ја одржат прославата.

Така станало јасно дека насобраните луѓе не присуствуваат на тајната свадба на еден од најпознатите фудбалери во светот, туку на венчавка на друг пар, кој сосема неочекувано се нашол во центарот на огромно медиумско внимание.

На целата ситуација реагираше и сестрата на Роналдо, Елма Авеиро. Таа на Инстаграм сподели фотографија од толпата пред катедралата и напиша само „Надреално“, додавајќи емотикон од мајмун што ги покрива очите.

Потоа објави и видео од насобраните луѓе, критикувајќи ги медиумските написи за наводната свадба. Според неа, медиумите немаат вистински информации, но сепак сакаат да ја дознаат приказната, па на крајот измислуваат. Со тоа јасно покажа што мисли за гласините што доведоа стотици луѓе пред катедралата.

Шпекулациите дека Роналдо и Џорџина ќе се венчаат се појавија минатиот викенд. Тие дополнително се засилија откако на португалска телевизија беше прикажана наводна покана за свадбата. Сепак, подоцна беше потврдено дека двојката во моментов не планира таква церемонија.

Официјален датум за нивната свадба сè уште не е познат. Неколку околности укажуваат дека венчавката најверојатно нема да се одржи во блиска иднина.

Роналдо за неколку недели треба да им се врати на тренинзите со Ал Наср, клуб со кој има договор до 2027 година. Неговиот густ спортски распоред остава малку простор за организација на голема меѓународна свадба, поради што се проценува дека церемонијата пореално би можела да се одржи кон крајот на годината или подоцна.

Share
Scroll to Top