(Фото) Многу пејачи, комити и по некој глумец на промоцијата на новиот спот за „А бре, Македонче“ на Балкан Бенд

(Фото) Многу пејачи, комити и по некој глумец на промоцијата на новиот спот за „А бре, Македонче“ на Балкан Бенд

пред 2 години

Македонскиот бенд „Балкан бенд“ синоќа во ресторан „Рагуса 360“ го промовираа најновиот спот за преработката на песната „А бре, Македонче“. Спотот го режираше Даниел Јовески, додека аранжери беа Дарко Илиевски и Дејан Момироски.

dobivaj vesti na viber

Популарниот шоумен и глумец Игор Џамбазов беше водител на промоцијата и ги забавуваше гостите, а особено атмосферата се вжешти кога членови од навивачката група „Комити“, излегоа со запалени факели додека  додека се изведуваше песната излегоа со запалени факели.

„Ова е најскапиот музички проект кој се случил во Македонија во изминатите 10 години. Ова што го гледате и слушате вечерва како финален производ, го подготвувавме од 2018-та година и сме пресреќни што конечно можеме да го споделиме со вас.  Горди сме што ѝ оставаме еден траен белег на Македонија“, рекоа синоќа момците од „Балкан бенд.

На промоцијата се појавија голем број познати музички имиња, водители, пејачи и инфлуенсери. Меѓу гостите беа Сузана Гавазова, Александар Тарабунов, Андреј од ДНК и други.

Преработката брзо беше прифатена од публиката. За само неколку часа беше видена од 15.000 фанови на „Јутјуб“.

Share
Scroll to Top