Светскиот топ-модел Наоми Кембел (51) се сликаше гола за насловната страница на магазинот i-D. Фотосесијата за списанието i-D, Наоми ја направи во Кенија, каде што има и своја куќа.
„Кога ќе ги гледате овие слики, се надевам дека ќе видите дека Кенија е убава, дека Африка е убава“, рече Кембел.
„Кога сум во Кенија, има денови кои се помалку хаотични од другите, но јас сум секогаш зафатена. Во моментот сум повнимателна поради ситуацијата со Ковид-19, но повторно ги посетив децата во домот за деца без родители што ги поддржувам и не сакав да ги изневерам. Сакам да допрам до што е можно повеќе луѓе. Сакам да ширам свест. Има дел од мене, каде што, ако сакам нешто, сакам светот да знае за тоа“, додаде Наоми и истакна колку е важно да им се помага на децата без родители.
Кембел е родена во Лондон. Нејзината мајка е од Јамајка, но никогаш не го запознала својот татко, па отсекогаш била вклучена во хуманитарна работа помагајќи им на децата во домовите во светот, а претежно во Африка.