(Фото) Најзгодната жена на светот повторно е разголена: „Се надевам дека никогаш повеќе нема да носиш облека“

(Фото) Најзгодната жена на светот повторно е разголена: „Се надевам дека никогаш повеќе нема да носиш облека“

пред 10 часа

Познатата пејачка Никол Шерцингер (47) со години е синоним за совршен изглед и префинет вкус, меѓутоа, иако нè воодушевува со елегантни фустани и гламурозни изданија, нејзината публика е најсреќна кога зачудувачката бринета објавува фотографија во бикини.

„Моментално живеам на сет, па еве ви некоја посебна рециклирана содржина“, напиша таа под објавата.

Како што самата рече, сега работи напорно, но сепак има залиха од провокативни фотографии што го привлекуваат вниманието на луѓето од целиот свет.

Овој пат, Никол позираше во сино бикини, па само гледајќи ја ќе заборавите на зимата во нашите краишта.

Нејзините извајани стомачни мускули се првото нешто што „ви го привлекува вниманието“ кога ќе ја погледнете познатата пејачка, а многумина ѝ рекоа да објавува само такви фотографии од сега па натаму.

„Се надевам дека никогаш повеќе нема да носиш облека“, беше еден од коментарите, бидејќи Никол обожава да објавува фотографии од плажа.

Никол Шерцингер, во своите 40-ти години, изгледа барем десет години помлада и веќе неколку пати покажа дека нема никој што може да ѝ ја одземе титулата за најжешка. Сепак, такво тело не „паднало од небо“, па пејачката веќе неколку пати нагласи дека тренира секојдневно и внимава на исхраната.

фото: принтскрин

Share
Scroll to Top