(Фото) Најпознатиот хрватски бизнисмен има нова девојка: која е 28-годишната убавица

(Фото) Најпознатиот хрватски бизнисмен има нова девојка: која е 28-годишната убавица

пред 7 часа

Мате Римац, познатиот претприемач и основач на „Римац Автомобили“, ја претстави својата нова девојка на јавноста, додека беа заедно на музички настан во Загреб, а фотографите ги фатија како се држат за раце.

Римац се разведе од Катарина Ловриќ кон крајот на 2024 година и оттогаш го чуваше приватниот живот подалеку од јавноста, но со овој потег стави до знаење дека е во нова љубовна врска, па многумина се прашуваат која е новата избраничка на Римац?

Станува збор за 28-годишната Барбара Котарски од Самобор, десет години помлада од него, која е многу активна на социјалните мрежи, каде што има околу 15.000 следбеници. Таа ја сака хуманитарната работа и волонтирањето, па затоа често промовира вакви објави, а учествувала и во бројни волонтерски проекти, пишува 24sata.hr.

Дипломирала бизнис економија во Риека, работела во манекенство, а поради природата на нејзината работа, кога имала 21 година, се преселила во Истанбул на шест месеци.

„Не заработив многу во тие шест месеци, но искуството што го стекнав е многу повредно за мене. Стекнав самодоверба, запознав прекрасни луѓе со кои сè уште сум во контакт“, изјави таа за Diva.hr пред неколку години.

Некои се шегуваа дека убавицата Барбара е „новата Невера“ на Римац.

Share
Scroll to Top