Синоќа во арената „МГМ Гранд Гарден“ во Лас Вегас се одржа 64 доделување на престижните „Греми награди“, а највлијателните музички ѕвезди прошетаа на црвениот тепих.
Пејачките блеснаа во раскошни тоалети, а најголемо внимание привлече Парис Хилтон, која се појави во друштво на сопругот Картер Реум. Богатата наследничка блесна во проѕирна креација со наметка опкружена со накит и дијаманти, потпишана од познатата модна куќа Atelier Zuhra.

Хилтон не носеше долна облека одоздола, а накитот и дијамантите ѝ беа поставени над градите, додека везот беше наместен по интимните делови.
Импресивен додаток ѝ беа ракавиците без прсти обложени со дијаманти, како и дискретните дијамантски обетки. Хилтон ја имаше кренато косата во елегантно опавче, а облече и многу едноставен модел на салонки во сребрена боја.


Ќе ви се допадне
Би можело да ве интересира
Ведран Андонов е првиот шампион на Македонија во „Катан“
Коњ налета на него во полн галоп, пулсот двапати му престана, синот го реанимираше: пријател за смртта на братот на Никола Којо
Поради климатските промени, популацијата на морските цицачи е опадната 47 %, половина од ајкулите се сметаат за загрозен вид
Фрида од АББА ме искористи, па ме откачи: Здравко Чолиќ за романтичниот викенд со познатата пејачка
„Соба за тага“ на Тоше, ја напишал човек во затвор, обвинет за убиство
Миа Костова позитивна на корона: Ова не е од групирање по журки
