Познатата актерка Ева Лонгорија секогаш воодушевува на црвениот тепих, меѓутоа, нејзините објави на социјалните мрежи во кои покажува како изгледаат нејзините „обични“ денови, кога не е максимално облечена, но сепак е совршено модерна, стануваат сè поинтересни.
Една од најновите објави на убавата актерка е токму таква. Ева претстави едноставен, идеален стајлинг за пролет и тоа беше доволно за да привлече сите позитивни реакции.
Овој пат таа позираше на снимањето на филмот „The Fifth Wheel“ кој сè уште не е објавен, а во тој проект улога доби и Ева.
Во фокусот на вниманието, многу повеќе од самиот филм, за кој сè уште не се знае ништо, беше нејзиниот стајлинг. Широки фармерки во комбинација со патики и памучна бела маица со кратки ракави – би можеле да се каже обично издание.
Нејзината магија беше во обичноста, со оглед на тоа што денес сè почесто гледаме чудни комбинации на облека бидејќи целта е само да се биде што е можно пооригинален и повеќе да се шокира публиката.
Ева Лонгорија уште еднаш покажа дека е далеку над тоа и дека знае како да одговори на модата во секоја пригода, секогаш правејќи се себеси главна тема. Дури и во спортска комбинација, таа ги натера сите да се восхитуваат на нејзината совршена фигура.






